На 33 години дочека деби за Италија и го украси со гол (видео)

Франческо Капуто, напаѓчот на Сасуоло, вечерва го запиша своето деби за репрезентацијата на Италија во пријателскиот меч против Молдавија. Аѕурите водат со убедливи 5-0 на полувремето, а токму Капуто беше еден од стрелците во голеадата на домаќините.

Искусниот голгетер на 33 години дочека да дебитира за Италија, а му беа потребни само 23 минути да го запише првиот репрезентативен погодок. За Капуто ова е големо достигнување во кариерата ако се знае дека кариерата ја почна во аматерските лиги во Италија пред петнаесетина години, но упорноста не го спречи да го достигне највисокиот ранг.

Капуто веќе втора сезона го носи дресот на Сасуоло, каде што игра на врвно ниво, а голгетерската серија на стартот од сезоната во Серија А му овозможи повик од селекторот Роберто Манчини за октомврискиот репрезентативен циклус.

https://twitter.com/xxmunich/status/1313919634823929857

- Оглас -

Најнови вести