Една возрасна жена Србинка стана хит на социјалните мрежи, па фановите на Новак Ѓоковиќ сакаа да се сликаат со неа, а лично запознавање со неа имаше и таткото на славниот тенисер.
Бабата додека гледа од трибините на „Род Лејвер арената“ во Мелбурн како Ѓоковиќ ги победува противниците, дава коментари од типот дека е многу слаб и прашува каде му се родителите.