Бабунски и Ашковски добија соиграч во неверојатен трансфер – Ботошани со денови го бараше исчезнатиот Сириец

Ботошани имаше неверојатна епизода со новото засилување од Сирија, Махмуд ал Мавас, а на крајот сепак стигнаа до него и го реализираа договорот.

Ал Мавас беше договорен со клубот за којшто играат и нашите поранешни репрезентативци Давид Бабунски и Стефан Ашковски, но потоа едноставно исчезна.

Со денови раководството на Ботошани се обидуваше да го најде 27-годишниот репрезентативец на Сирија, а тој воопшто не им одговарал на повиците.

„Ме ограбија во Сирија и останав без телефонот. Сепак, за среќа, се снајдов и по неколку дена се слушнавме со претставниците на Ботошани и конечно се договоривме за трансфер“, изјави Мавас.

Штетата што ја претрпел во неочекуваниот напад на крадците, како што вели репрезентативецот на Сирија, е неколку илјади долари, но сепак е среќен што не му пропадна трансферот.

Мавас има 44 настапи за Сирија и ќе биде засилување за Ботошани, екипа што има амбиции да игра во плејофот за титулата во Романија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести