Бабунски се запиша во листата на стрелци, но неговиот Мезоковешд убедливо загуби (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски, се запиша во листата на стрелци во 27-то коло во унгарската Прва лига, но неговиот Мезоковешд убедливо загуби од Вашаш со 4:1 и тоа на домашен терен.

Бабунски, вториот гол сезонава за Мезоковешд го постигна на стартот од натпреварот, во 11-та минута и тоа од пенал. Сепак, неговиот гол, не беше доволен бидејќи Вашаш одговори со четири гола за убедлив триумф

Голот на Бабунски можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести