Бабунски: „Цело семејство сме вардарци, посакувам успех и на европска сцена“

Бобан Бабунски беше дел од генерацијата која ја освои шампионската титула во првата сезона во независна Македонија, а сега по неговите стапки тргна и неговиот син, Давид, кој се закити со трофејот. Давид Бабунски пристигна во Вардар како засилување во борбата за шампионската титула, а на крајот успеа и да се радува на трофејот.

„Сите во семејството сме вардарци. Среќни сме многу. И мојот татко беше дел од успесите на Вардар, и мојот дедо беше вардарец. Не е лесно да се игра за Вардар, како што не е лесно да се игра за било кој голем клуб. Очекувањата се големи, секогаш се бара максимум, се бара победа. Не беше лесна оваа сезона, но успеавме да ја донесеме титулата која долго ја чекавме. Вардар заслужува да биде дел од Лигата на шампионите, ние ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и на европско ниво.“ – рече Давид Бабунски.

Сега вардарци ги очекува краток одмор, а на осми јуни започнуваат подготовките, најпрво за настапот на европска сцена, а потоа и за следната сезона во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести