Баер и Сити ќе победат, Наполи и Барселона нема да загубат, ефикасно ќе биде во Турција (Фото)

Пет натпревари со квоти помеѓу 1.95 и 2.20 се дел од Квотите на денот во Sport Life за недела. Петте натпревари прават тикет со вкупна квота од 43.6, а дуелите се од Германија, Англија, Турција, Италија и Шпанија.

Понудата ја отвораат екипите на Келн и Баер Леверкузен со понудена квота од 1.95, која ќе биде добитна само ако гостите победат, но потребно е во првото полувреме да биде постигнат најмалу еден гол.

Манчестер сити е голем фаворит во дербито со градскиот ривал Манчестер јунајтед и доколку победи во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу три и пет гола, квотата од 2.20 ќе биде добитна.

Ефикасно се очекува да биде на дербито од турското првенство помеѓу Бешикташ и Галатасарај. Доколку двете екипи бидат ефикасно, но головите бидат постигнати во двете полувремиња, квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Понудената квота од 2.20 за натпреварот помеѓу Наполи и Јувентус ќе биде добитна само ако домашните не загубат во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Иста квота, 2.20, има и за натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Барселона, но таа ќе биде добитна ако гостите не загубат во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

- Оглас -

Најнови вести