Баер Леверкузен на чекор до потпис на нов договор со Флоријан Вирц

Раководството на Баер Леверкузен е на чекор до продолжување на договорот на Флориjан Вирц најмалку за уште една година, но новата спогодба ќе вклучува ослободителна клаузула за летото 2026 година, пренесуваат германските медиуми.

Според информациите, управата на клубот очекува конечен одговор од Вирц во наредните денови, но верува дека двете страни ќе постигнат договор за останување на креативниот играч за врска на „Бај Арената“ барем уште една сезона.

Во моментов, договорот на 20-годишниот германски репрезентативец важи до летото 2027 година, но интересот за него е огромен.


Баерн Минхен и Манчестер сити се меѓу клубовите кои внимателно ја следат неговата ситуација, а се очекува доколку има понуди ова лето, Баер Леверкузен да бара сума меѓу 120 и 130 милиони евра, плус бонуси за својата најголема ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести