Баер Леверкузен нема намера да сопре, лесно го победи Волфсбург на домашен терен (Видео)

Екипата на Баер Леверкузен продолжува да реди победи во Бундес лигата и љубоморно да го чува врвот и да ја одржува предноста пред Баерн Минхен. „Фармацефтите“ со сигурни 2-0 го совладаа Волфсбург и веќе 36 натпревари не знае за пораз во сите натпреварувања оваа сезона.

Бундеслигашкиот лидер постигна по еден гол во двете полувремиња. Во финишот на првиот дел, односно во 37-мата минута Тела погоди за водство на домашните, а Вирц во 86-тата минута ги постави конечните 2-0 на овој натпревар.

Баер Леверкузен на врвот на табелата во Бундес лигата има +10 од Баерн Минхен, кој е второпласиран.

- Оглас -

Најнови вести