Фудбалерите на Баер Леверкузен продолжуваат со фантастичните игри сезонава и се наоѓаат на одличен пат да ја освојат двојната круна.
Фармацевтите веќе ставија рака на шампионскиот трофеј во Бундеслигата, а вечерва на убедлив начин се пласираа во финалето на Купот на Германија.
Машинеријата на Чаби Алонсо на „Бај арената“ со убедливи 4:0 го совладаа тимот на Фортуна Дизелдорф и си закажаа меч со Кајзерслаутерн за трофејот во Купот.
Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме, во кое Баер постигна три гола.
Резултатот го отвори Џереми Фримпонг во седмата минута, а 13 минути подоцна Амин Адли зголеми на 2:0, а потоа на сцена стапи најдобриот играч на Баер, Флоријан Вирц.
Вирц прво во 35-тата минута погоди за 3:0, а во второто полувреме со својот втор гол во 60-тата минута го постави конечниот резултат.