Фудбалерите на Баер Леверкузен незапирливо чекорат кон првата шампионска титула во Бундеслигата и на осум кола до крајот од сезоната имаат десет бода повеќе од гигантот Баерн Минхен.
Иако Баерн е страв и трепет во Германија, фудбалерите на Чаби Алонсо не попуштаат, редат победи и само чудо може да ги спречи да не ја освојат Салатарата.
Баер во 26-тото коло од Бундеслигата со 3:2 го совлада Фрајбург и тоа како гостин и сега има 70 бода, додека Баерн има 60.
И двата тима во четвртокот играа во Лигата на Европа, Фрајбург доживеа дебакл во Лондон против Вест хем (0:5), додека Баер направи сензационален пресврт за триумф од 3:2 против Карабах и на крилата на тој меч, одлично го отвори денешниот натпревар.
Баер поведе уште во втората минута со голот на Кристијан Вирц. По само десет минути игра беше 1:1 благодарение на голот на Доан.
Гостите предноста ја вратија во финишот на првиот дел, во 40-тата минута и тоа со голот на Хложек, додека Патрик Шик во 53-тата минута погоди за 1:3.
Домаќинот до крајот на мечот успеа само да го намали резултатот и тоа во 79-тата минута со голот на Јаник Кеител.