Баер покажа зошто е лидер, Елмас доби само шест минути во поразот на Лајпциг!

Баер Леверкузен уште еднаш покажа зошто е лидер во Бундес лигата и со фантастичен пресврт дојде до победата во дербито на колото над Лајпциг на гостински терен со 2-3.

Лајпциг дуелот го започна без нашиот Елиф Елмас во стартниот состав и двапати имаше водство против лидерот, кој не само што успеваше да израмни, туку на крајот и да победи со голот на Хлозек во судиското надополнување на времето.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас мечот повторно го започна од клупата за резерви, иако целта на трансферот од Наполи во Лајпциг беше да има поголема минутажа.

„Дијамантот“ доби само шест минути во поразот на Лајпциг, откако во игра влезе во 84-тата минута, како последна замена на домашната екипа. Претходно, Марко Росе направи четири измени одеднаш во 74-тата минута при резултат 2-2.

Баер Леверкузен останува убедливо на првото место во Бундес лигата со седум поени повеќе од Баерн Минхен, кој има и два натпревари помалку. Лајпциг сега е на делба на четвртата и петтата позиција со Борусија Дортмунд со по 33 поени.

- Оглас -

Најнови вести