Фудбалерите на Баер Леверкузен продолжуваат со одличните игри и со максимални шест победи во шест меча го завршија настапот во групната фаза во Лигата на Европа и сè уште се без пораз од почетокот на сезоната.
Последна жртва на Фармацевтите е Молде, кој на „Бај арената“ е декласиран со убедливи 5:1. Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме, во кое Баер даде три гола.
Баер е единствен тим во Лигата на Европа кој групната фаза ја заврши со максимални 18 бода.
Исто така фудбалерите на Чаби Алонсо дојдоа само на една победа од израмнување на апсолутниот германски рекорд на најдобар старт во сезоната. Баер од почетокот на сезоната одигра 23 меча во сите натпреварувања и е без пораз, а германскиот рекорд изнесува 24 натпревари без пораз од стартот на сезоната.
Пласманот во нокаут-фазата со победи го завери Рома, која со 2:0 го совлада Шериф, додека Ливерпул, кој го обезбеди првото место во својата група, загуби од Унион Сен Жил со 2:1.
Резултати:
Група Е
Унион Сен Жил – Ливерпул 2:1
ЛАСК – Тулуз 1:2
Табела: Ливерпул 12, Тулуз 11, Унион Сен Жил 8, ЛАСК 3
Група Ф
Рен – Виљареал 2:3
Панатинаикос – Макаби Хаифа 1:2
Табела: Виљареал 13, Рен 12, Макаби Хаифа 5, Панатинаикос 4,
Група Г
Славија Прага – Сервет 4:0
Рома – Шериф 3:0
Табела: Славија Прага 15, Рома 13, Сервет 5, Шериф 1
Група Х
Баер Леверкузен – Молде 5:1
Карабах – Хакен 2:1
Табела: Баер Леверкузен 18, Карабах 10, Молде 7, Хакен 0