Баер со пресврт и гол во 90-та минута до полуфинале во Купот на Германија (Видео)

Фудбалерите на Баер Леверкузен се пласираа во полуфиналето на Купот на Германија откако со пресврт во четвртфиналето го совлада Штутгарт до 3:2.

„Швабите“ во два наврати водеа, но Баер во два наврати ја анулираше негативата и на крајот во 90-тата минута успеа да слави и да се пласира во полуфиналето.

Резултатот го отвори Антон во 11-тата минута, а Баер до израмнување дојде на стартот од вториот дел преку Андрих.

Само осум минути подоцна, Штутгарт повторно поведе преку Фухрих. Повторно по осум минути беше постигнат уште еден гол на „Бај арената“, овојпат Адли израмни на 2:2.

Голот за пресврт и пласман во полуфиналето за Баер го постигна Тах во 90-тата минута.

Покрај Баер, пласман во полуфиналето на Купот на Германија обезбедија и Фортуна Дизелдорф, која со 3:2 го совлада Сент Паули, како и Кајзерслаутерн, кој со 3:1 беше подобар од Херта. Последниот полуфиналист ќе биде познат утревечер, кога ќе се одигра мечот меѓу Сарбрикен и Борусија Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести