Ракометарите на Охрид не успеаја во своето прво финале да дојдат и до првиот трофеј од Купот на Македонија. На крајот на тирофејот се радуваа ракометарите на Варадр, кои славеа со минимални 24-23, а тренерот на охриѓани за поразот ги обвини повредите.
„Дојдовме без два клучни бека, Петриќ и Борозан, а на полувреме го загувиме и Стрмљан. Мислам дека тоа е главната причина зошто го загубивме овој натпревар. Буквално една топка, без толку играчи. Замислете да ги имавме тие играчи за во ротација ќе бевме многу поблиску до победата. Му честитам на Вардар. Имаа поширок ростер. Ако и ние имавме таков ростер, ќе бевме многу блиску до победата. Дадовме многу повеќе и од очекуваното оваа сезона. Останавме буквално со два бека. Жал ми е, мислам дека ова не го заслуживме. Работевме напорно, но мора да се занимаваме само со себе. Очекувавме дека ќе го освоиме Купот, иако Вардар беше апсолутен фаворит. Сепак, повредата на Стрмљан беше голем шок за нас.“ – рече тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.

