Баер Леверкузен го победи Аугсбург со 2-1 и сезоната во Бундеслигата ја заврши шампионски, без ниту еден пораз во 34 кола. На сите девет денешни мечеви, имаше барем три гола.
Од Бундеслигата испаѓаат Келн и Дармштад, додека Бохум ќе игра бараж за опстанок. Унион Берлин со гол од пенал во финишот го победи Фрајбург со 2-1 и избегна играње бараж против Фортуна Диселдорф.
Емотивно беше и во Дортмунд, каде Марко Ројс за последен пат играше во жолто-црниот дрес на нивниот стадион, а даде и гол од слободен удар.
Погледнете ТУКА како изгледаше последното испраќање на Ројс кога беше повлечен од игра во 81-ва минута. Ројс 12 години играше за Борусија Дортмунд и си оди како клупска легенда.
Томас Милер денеска го одигра својот 473-ти меч во Бундеслигата во дресот на Баерн Минхен со што го израмни клупскиот рекорд. Исто толку настапи за Баварците имал и легендарниот голман Сеп Мајер. Баерн поведе 2-0 по 6 минути игра, но на крај загуби на гости кај Хофенхајм со 2-4, Андреј Крамариќ даде три гола за домашните.
Елиф Елмас за првпат беше стартер во тимот на Лајпциг, и одигра 74 минути, најмногу за него во дресот на Црвените бикови кои одиграа 2-2 со Ајнтрахт.