Баерн даде 42,5 милиони евра, но поради 200.000 евра му направи проблем на нивниот нов играч

Францускиот дефанзивец Дајо Упамекано во новата сезона ќе биде играч на Баерн Минхен. Германскиот гигант му плати 42,5 милиони евра на Лајпциг, но Упамекано ќе мора да остане во својот досегашен клуб до 15 јули.

Баерн објави дека дефанзивецот ќе биде нивен играч од 1 јули, но сепак ќе мора да чека уште 15 дена за да може да го доведе во своите редови. Според клаузулата во договорот, Баерн требало да плати уште 200.000 евра за да може да го добие Упамекано на тренинзите во Минхен на 1 јули.

Досега никогаш не се случило Баерн да не сака да плати „ситни“ 200.000 евра.

„За двата клуба ќе беше многу пологично ако Упамекано ги започнеше подготовките со својот нов клуб. Сепак тоа нема да се случи поради договорот кој мора да се испочитува. Го очекуваме на почетокот на нашите подготовки го очекуваме Упамекано да се појави, но во Баерн не треба да се грижат затоа што ние ќе го чуваме да биде здрав до 15 јули“, вели маркетинг директорот на Лајпциг, Флоријан Шолц.

 

- Оглас -

Најнови вести