Баерн дома шокиран од Фортуна

Германскиот првак Баерн Минхен доживеа шок на „Алијанц Арена“, откако не успеа да победи во дуелот против Фортуна Дизелдорф, во меч од 12. коло во Бундес лигата. Баварците беа апсолутни фаворити пред своите навивачи, а почетокот на мечот не покажиуваше дека може да се случи изненадување. По само 20 минути игра, Баерн имаше предност од 2:0, а гостите погодија во 44 минута и покажаа дека нема да се предадат против шампионот.

Томас Милер со својот втор погодок на мечот, во 58 минута згилеми на 3:1 и многумина веќе мислеа дека трите бода ќе останат за Баерн. Сепак, така не мислеа гостите. Лукебакио е херојот на Фортуна. Тоа е играчот кој постигна хет-трик. Најпрво во 78 минута намали на 2:3, а во 93 минута истиот играч погоди за 3:3 и неверојатно реми против Баерн Минхен.

За разлика од Баерн, лидерот борусија Дортмунд немаше проблеми на гостувањето кај Мајнц и победи со 2:1. Борусија сега има 30 бода на врвот од табелата во Бундес лигата, Ајнтрахт е втор со 23 бодови, а Баерн е дури на петото место со 21 бод.

Резултати: Аугзбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:3, Баерн Минхен – Фортуна Дизелдорф 3:3, Херта – Хофенхајм 3:3, Мајнц – Борусија Дортмунд 1:2, Волфсбург – Лајпциг 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести