Баерн е главниот фаворит на играчите на Спортска прогноза за викендов

Баерн Минхен се издвојува како главен фаворит на големото мнозинство прогнозери кои веќе типувале на мечевите од 25-тото коло на бесплатната Спортска прогноза.

Дури 82,55 од прогнозерите кои досега типувале, играле на победа на Баерн против Борусија Дортмунд.

Голема предност прогнозерите (68,9 отсто) му даваат и на Манчестер сити дека ќе го совлада Арсенал, додека во триумф на Топчиите веруваат само 11 проценти од играчите.

За француското дерби Олимпик Марсеј – ПСЖ, 58,7 отсто од прогнозерите чекаат на крајот да се радуваат гостите. Малку над 50 отсто доверба има и Јувентус дека ќе ги освои трите бода во Рим против Лацио.

Прогнозерот со Среќна 13-ка, поточно 13 погодени натпревари од основната понуда, одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

Прогнозерите со 12 погодени натпревари добиваат вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а на тие со 11-ка им следува ваучер од Sport Life од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести