Арсенал го доби пеколното дерби на северен Лондон и остана лидер во Премиер лигата (Видео)

Екипата на Арсенал се израдува на голема победа од 3:2 на гостувањето кај Тотенхем, во дербито на северен Лондон. Со оваа победа Топчиите стигнаа до 80 бодови по 35 одиграни меча и се лидери на табелата. Најголем ривал им е Манчестер сити кој има 76 бодови, но Граѓаните вечерва играат против Нотингем Форест на гости, а плус имаат уште еден заостанат дуел.

Топчиите добро почнаа и поведоа со 1:0 благодарение на автоголот на Хојбјерг.

До крајот на првиот дел, Арсенал преку Сака во 27 и Каи Хаверц во 38 минута стигна до убедлива предност од 3:0.

Сепак дека градско дерби не може да е досадно се погрижија домаќините. Тотенхем со голот на Ромеро во 64 минута намали на 1:3, а потоа Сон од пенал погоди за 2:3 во 87 минута. Во последните минути дури и голманот на Тотенхем тргна во напад, во обид Тотенхем да стигне до 3:3, но Арсенал се одбрани и освои три важни бода во трката за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести