Германскиот шампион Баерн Минхен ја одреди сумата од 20 милиони евра која ја бара како отштета за да го продаде Садио Мане.
Сенегалскиот репрезентативец минатото лето пристигна во Баерн како големо засилување од Ливерпул и требаше да претставува замена за Роберт Левандовски, кој се пресели во Барселона. Но, Мане одигра лоша сезона, настапи на 38 натпревари и постигна 12 гола, а имаше и шест асистенции во сите натпреварувања.
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, нема да смета на Мане во следната сезона, а управата веднаш одлучи да го стави Сенегалецот на трансфер-листата и за него бара отштета во износ од 20 милиони евра.