Баерн Минхен стигна до 11-тата победа во Бундеслигата оваа сезона откако на „Алијанц арена“ славеше против Лајпциг со 5-1. Елиф Елмас поради повреда не е во тимот на Лајпциг.
Мечот почна револверашки, во првите две минути беа постигнати два гола. Мусијала погоди за Баерн во првата минута, а веднаш потоа возврати Бењамин Шешко.
Лајмер во 25-та минута го врати водството на Баерн, а Џошуа Кимих со фантастичен шут од далечина зголеми на 3-1 во 36-та минута.
Во вториот дел, Лирој Сане и Алфонсо Дејвис го поставија конечниот епилог на дуелот што требаше да биде дерби.
ALPHONSO DAVIES WITH A GREAT HEADER FOR THE FIFTH!!!
— Football Report (@FootballReprt) December 20, 2024
JOSHUA KIMMICH WITH A GREAT ASSIST!!!pic.twitter.com/mKgRqqvpPO