Баерн Минхен и Реал Мадрид се тимовите за кои се досудени најмногу пенали во историјата на Лигата на шампионите, а тоа донекаде е и очекувано, ако се знае дека овие два клуба се и најредовни учесници и имаат најмногу одиграни мечеви.
Од 1992 наваму, за Реал и Баерн се досудени по рекордни 63 пенали, но Баерн има одиграно 95 меча помалку од Кралскиот клуб. Така според просекот, многу почесто се судат пенали за Баварците.
Трета на листата е Барселона за која досега се досудени 56 пенали, но Барса има дури 141 мечеви помалку од Реал во ЛШ.