Баерн и Борусија Дортмунд ги поделија почестите, имаат по тројца играчи во дрим-тимот (Фото)

Роберт Левандовски е најдобро оценет фудбалер во Бундеслигата за 2020 година, што е и очекувано, па најдобриот играч во Европа го предводи идеалниот тим во германското првенство.

Со него има уште двајца фудбалери од Баерн Минхен, Томас Милер и Џошуа Кимих, а исто толку играчи во дрим-тимот има и Борусија Дортмунд.

Норвешката сензација е во тандемот напаѓачи со Левандовски, а место има и за одличниот лев страничен играч Пауло Гереиро и за стоперот Матс Хумелс.

Најдобар голман, според познатата спортска апликација за статистика „Софаскор“, е Питер Ѓулаши од Лајпциг, а во одбраната покрај Гереиро и Хумелс, се и Ларс Бендер од Баер Леверкузен и Матијас Гинтер од Борусија Менхенгладбах.

Во средниот ред се Кимих и Милер од Баерн, а Арнолд од Волфсбург и Крамариќ од Хофенхејм се веднаш зад напаѓачкиот тандем Левандовски и Халанд.

 

- Оглас -

Најнови вести