Баерн и Дортмунд во „војна“ за играч на Интер

Интер се плаши дека може да остане без услугите на нивниот играч за врска, Марсело Брозовиќ. Хрватот е на листата желби кај двата германски гиганти, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Како првакот, така и вицешампионот има намера да достави прва понуда за Брозовиќ во вредност од 45 милиони евра.

Тренерот Нико Ковач, дури е подготвен да го жртвува Ренато Санчес кој би бил клучен во понудата, доколку Нероаѕурите одбијат само пари за сонародникот на Ковач. Со слична стратегија се наметна и предводникот на Милионерите, Лусиен Фавр. Тој во понудата ќе го вметне и Џулијан Вајгл, од кого повеќе нема корист сака да се ослободи од него.

Интер засега нема намера да го продаде плејмејкерот, но ако веќе самиот фудбалер изрази желба да замине, би му го овозможиле тоа доколку заинтересираните клубови понудат најмалку 65 милиони евра.

Брозовиќ минатата сезона настапи на вкупно 42 меча за Интер во сите натпреварувања, во кои постигна два гола и запиша две асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести