Баерн играше покер против Херта – Магичниот гол на Сане беше поништен поради играње со рака (ВИДЕО)

Баерн Минхен со убедливи 4:1 славеше на гостувањето кај Херта Берлин во ракмите на 20-то коло од Бундеслигата.

Актуелниот првак повторно демонстрираше сила и квалитет над ривалите во најсилната лига во Германија а интересно е што меѓу четирите стрелци го немаше Роберт Левандовски.

Машинтеријата за голови ја прекина серијата од четири едноподруго натпревари каде што постигнува најмалку еден гол, но, тоа и баш не му пречеше да се радува на новата победа.

Корентан Толисо во 25-та минута ја отвори средбата, додека Томас Милер во самата завршница зголеми на 2:0.

Лерој Сане (75′) и Серж Гнабри (79′) зголемија на 4:0, додека за домаќините намали  Јирген Екленкамп во 81-та минута.

Најубавиот момент на средбата беше вториот на Сане во 89-та минута, кога практично одигра двојна акција со домашниот фудбалер, но, истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака.

Со оваа победа, Баерн сега има 49 бода, односно шест повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести