Баерн има рецепт како најлесно да се раситнат „милионерите“

Баерн Минхен буквално го растури тимот на Борусија Дортмунд со убедливи 5-0 во „Дер Класикер“ дербито, победа со која ја презедоа лидерската позиција на табелата од нивниот денешен ривал, па сега на шест кола до крајот на шампионатот Баварците се во пол-позиција да ја одбранат шампионската титула во Германија.

Домаќините стартуваа фуриозно, па по 17 минути водеа со 2-0 со погодоците на Хумелс и Левандовски, поранешните играчи на Дортмунд. Сепак, и покрај сигурната предност Баерн не застана, па до крајот на првото полувреме уште два пати ја затресоа мрежата на Бурки, Мартинес и Гнабри погодија за недостижни 4-0.

Единствениот погодок во второто полувреме го постигна Левандовски, негов втор на средбата, а се чекаше дури 89-тата минута за да се случи новата радост на гигантот од Минхен.

Со 20-тата победа сезонава, Баварците избија на чело на табелата со 64 бода, додека Дортмунд сега се втори со еден бод помалку, што значи дека ќе биде тесна трка за титулата во последните шест натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=t3KEWMuQXzQ

- Оглас -

Најнови вести