Атлетико доби зицер пенал откако заврши мечот и го утна за елиминација од ЛШ (Видео)

Невидена драма се случи на „Ванда Метрополитано“, а судијата Турпан прво досуди крај на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен со резултат 2:2, а потоа досуди пенал за домаќините.

Караско го утна пеналот и потоа домаќините не погодија двапати од одбиена топка и Атлетико испадна со ремито 2:2.

По одбраната на Храдецки, Саул Нигес ја погоди пречката, а шутот на Реиналдо беше блокиран во најдраматичите моменти вечерва во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/Issam830/status/1585376004008468480?s=20&t=EGHT1U-sBugzQuGGt4ZwQA

Пак се гледаше ВАР за да се провери дали голманот Храдецки бил со едната нога на гол-линијата и откако беше утврдено дека не го прекршил правилото, беше означен крај со резултат 2:2.

Со тоа популарните Јорганџии доживеаја невидена трагедија, а среќата само за неколку минути им го сврте грбот.

Мечот беше завршен кога францускиот судија доби повик од ВАР-собата да го прегледа евентуалното играње со рака во шеснаесетникот на Баер.

По прегледување на спорниот момент со помош на ВАР-системот, беше досуден пенал, а домаќините утнаа и за нив недостижна е нокаут-фазата, каде што од нивната група ќе играат Бриж и Порто.

Баерн рутински со 3:0 ја победи Барселона на „Камп ноу“ со головите на Садио Мане и Ерик Максим Чупо Мотинг и на Бењамин Павард и официјално ги испрати Каталонците во Лигата на Европа.

Барселона и пред стартот на дуелот од петтото коло знаеше дека нема да продолжи во Лигата на шампионите, а како што одигра вечерва против Баерн, потврди и дека не заслужува да биде во нокаут-фазата.

Домаќините немаа ниту еден директен удар кон голот на Баерн и втора година по ред се елиминирани во првата фаза во ЛШ.

Барселона е петкратен европски првак, а и четирикратниот Ајакс вечерва е елиминиран од Лигата на шампионите.

Копјаниците пак загубија од Ливерпул, сега во Амстердам со 0:3 и во последното коло ќе играат за Лигата на Европа во Глазгов против Ренџерс.

Ливерпул е во нокаут-фазата во ЛШ, со победа што со голови ја зачинија Салах, Нуњес и Елиот, а ќе се памети и по големата утка на 100 милиони евра скапото засилување од Уругвај.

Наполи со Елиф Елмас во стартниот состав го декласира Глазгов ренџерс со 3:0 и со Баерн се единствените два тима што имаат максимален учинок од пет победи во пет кола.

Најзаплеткано е во Д групата, каде што Тотенхем одигра нерешено 1:1 со Спортинг и е лидер со 8 бода, пред Португалците со 7.

Во последните моменти домаќините дадоа гол за победа, но тој беше поништен и остана 1:1.

Ист број бодови, 7, има и Ајнтрахт Франкфурт, кој го победи Марсеј со 2:1 и го остави поранешшниот европски првак на последното место со 6 бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести