Баерн, Јуве, Сити со победи ќе си закажат Европска пролет

Средбите во Лигата на шампионите се мерак за редовните типувачи во SPORT LIFE обложувалниците. Вечерва се играат првите осум натпревари од петтото коло во групната фаза, мечеви кои можат да одлучат кој ќе дочека Европска пролет, а кој од дома, на ТВ ќе ја гледа нокаут-фазата.

Рома – Реал Мадрид (21 часот)

По убедливиот пораз од 3-0 на „Сантијаго Бернабеу“, Рома вечерва ќе сака да се реваншира на „кралевите“. Меѓутоа, мисијата ќе биде исклучително тешка бидејќи за Реал победа е единствена опција, по дебаклот кој го претрпе од Еибар викендов во шпанскиот шампионат. Двете екипи се во иста позиција на табелата во групата Ц, со по три победи и еден пораз, па кој и да слави од Реал и Рома ќе значи сигурен пласман во нокаут-фазата.

Актуелниот бранител на европскиот трофеј знае како се победува на култниот „Олимпико“. На последното гостување во Рим славеа со 2-0, со головите на Роналдо и Хесе, но тие двајца веќе не се дел од тимот на Реал, што значи дека Солари ќе мора да се потпре на Бејл, Бензема и останатите.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.55)

 

Баерн Минхен – Бенфика (21 часот)

Овој меч може да се најави како: Да се биде или не за Нико Ковач. Сѐ освен победа ќе значи отказ на хрватскиот стратег, но евентуално славје на „баварците“ ќе значи и пласман во нокаут рундата. Сепак, Бенфика сѐ уште верува дека има шанси да се избори за едно од местата кои водат во следната фаза, иако заостанува четири бода зад второпласираниот Ајакс.

Иако двете екипи се редовни учесници во елитното натпреварување, досега само трипати се имаат сретнато. Во првото коло од оваа сезона, а силите ги одмерија и во четврт-финалето пред две години, кога Баерн со гостинско реми од 2-2 и минимална победа од 1-0 на „Алијанц“ го елиминираше тогашниот португалски првак.

Предлог тип: 1-1 3+ (2.50)

 

Манчестер јунајтед – Јанг бојс (21 часот)

Ретко кој веруваше дека Јунајтед ќе може да се избори за победа против Јувентус, и тоа во Торино. Сепак, конечните 2-1 од таа средба ја направија групата Х многу поинтересна и понеизвесна. За Јанг бојс може да се каже дека заврши натпреварувањето, само еден бод од четири средби е премалку и за евентуално трето место, кое води во нокаут од Лигата на Европа.

Избраниците на Жозе Мурињо вечерва ќе мора да издвојат победа за да не си ги искомплицираат работите пред последното коло од групите.

Предлог тип:  Т1 1+I & 1+II (2.00)

 

Лион – Манчестер сити (21 часот)

„Лавовите“ го шокираа англискиот првак во првото коло, со 2-1 среќни го напуштија „Етихад“. Тој пораз ги налути фудбалерите на Пеп Гвардиола, па во следните три меча забележаа три победи со 11 постигнати гола и само еден примен. Кај Лион е спротивна ситуацијата, по тој триумф над Сити, нанижа три ремија, па иако е втор во групата Ф, допрва ќе треба да се бори за посакуваниот пласман меѓу 16-те најдобри екипи.

Предлог тип: 2 & 1+I 1+II (1.83)

 

Јувентус – Валенсија (21 часот)

За Јуве ова е поправен меч за да се заборави оној шок од „црвените ѓаволи“ во минатото коло. Пред своите фанови ја пречекуваат Валенсија, а шпанскиот претставник во Торино доаѓа со добра форма. „Старата дама“ веќе знае како се совладуваат „лилјаците“, на „Месталја“ триумфираа со 2-0, а сличен исход се очекува и вечерва за да се оправда фаворитската улога.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести