Баерн ќе ги задржи легендите на клубот до пензија

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен ќе им ги продолжи договорите на капитените Мануел Нојер и Томас Милер до 2025 година. Двете клупски легенди имаат активни договори до јуни 2023 година, кога му истекува и договорот на Роберт Левандовски.

Сепак, за разлика од Левандовски, за кого сè погласни се шпекулациите дека летово ќе ја напушти „Алијанц арената“, Нојер и Милер ќе останат верни на клубот во кој станаа светски ѕвезди. Милер уште во 2000 година дојде во Баерн, ги помина сите младински школи, а од 2008 година е дел од првиот тим. Нојер дојде во 2011 година од тимот на Шалке и дури 470 пати бил на голот на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести