Баерн ќе ја продолжи традицијата на победи против Шалке

Баерн Минхен – Шалке (Фудбал, Германија, 18.30 часот)

Баерн е во потера по Лајпциг и мора да победи. Гостите од Гелзенкирхен не се за потценување, имаат четири меча по ред без пораз, во минатото коло ја победија Борусија Менхенгладбах и бркаат место во ЛШ. Сепак, проблем за Шалке е традицијата. Баерн ги доби последните шест меѓусебни пресметки и секогаш даваше барем два гола. Шалке во лигашки меч не го победил Баерн во Минхен уште од 2009 година.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.83)

 

Фенербахче – Башакшехир (Фудбал, Турција, 18.00 часот)

Двата тима се во серија од три победи по ред во првенството, а Фенер ако победи, ќе се искачи на второто место на кое сега е Башакшехир. Пред некој ден во Купот, Фенербахче немаше проблем со Кајзериспор, а Башакшехир се посрамоти против третолигаш, одигра само 1-1, но можеби се чувале за дербито на лигата. Фенер дома не загубил од 4 октомври, но Башакшехир во лигата не загубил на гости уште од 18 август. Лани беше 0-0, сега типуваме дека двата тима ќе дадат гол.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

Валенсија – Барселона (Фудбал, Шпанија, 16.00 часот)

Дербито на шпанското првенство за ова коло ќе донесе голема борба. Валенсија е во мала криза, падна на седмо место, но мотивите кај нив кога играат дома со Реал или Барса, секогаш се огромни. Барселона има девет меча по ред без пораз. Лилјаците дома немаат пораз, но од дедетте меча, дури пет им завршија нерешено. Нивните меѓусебни дуели често се ефикасни со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.82)

 

Вест Хем – ВБА (Фудбал, Англија ФА, 16.00 часот)

Чеканите се во прилично лоша форма во првенството, но ВБА не е премиерлигашки тим и затоа лондонскиот тим е фаворит. Последните седум дуели на овие тимови во Лондон, завршувале со голови на двете страни и многу често било нерешено. Затоа, тука треба претпазливост во типувањето, Вест Хем не е толку голем фаворит во овој куп натпревар.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.50)

 

Фиорентина – Џенова (Фудбал, Италија, 18.00 часот)

Фиорентина има две победи по ред во Серија А, со кои малку се одлепи од долниот дел на табелата, па пресметката со последнопласираната Џенова е шанса за Виолетовите да врзат и три триумфи, со што би се зацврстиле во средината. Џенова е очајна на гостувањата, Пандев и другарите не победиле никого на гости во оваа сезона. Џеновјаните не паметат кога последен пат победиле во Фиренца, но дури три од последните пет гостувања на „Артемио Франки“ ги завршија со 0-0.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.68)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Валенсија – Барселона ГГ прво/второ (2.05)

Баерн Минхен – Шалке 1 & 3-5 (2.00)

Севилја – Гранада 1Х & ГГ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести