Баерн Минхен со 6:0 го победи Лајпциг во меч кој требаше да биде дерби на стартот од новото првенство во германската Бундеслига. Гостите издржаа до 27 минута кога Олисе даде гол за 1:0. Од тој момент, Баерн буквално го тероризираше гостинскиот голман.
До полувреме беше 3:0 за Баерн, а во второто полувреме следуваше шоу на Хари Кејн. Англискиот голгетер постигна хет-трик со погодоците во 64 минута, 74 минута и 78 минута.
Баерн Минхен можеше да постигне уште некој гол, но и вака половина дузина погодоци во мрежата на гостите е повеќе од доволно за убедлив старт на актуелниот првак на Германија.