28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Баерн Минхен испратил „навредлива и срамна“ понуда, која едноставно била игнорирана

Баерн Минхен летово се засили со фудбалери од калиброт на Џонатан Тах, Николас Џексон и Луис Дијас, но желбата на Баварците била да го доведат и Адемола Лукман од Аталанта.

Понудата ја испратиле на последниот ден од преодниот рок, но одговор воопшто и не добиле. Аталанта за својот фудбалер бараше 50 милиони евра и не планираа да го продадат ни за цент помалку, а Баварците испратиле понуда за позајмица и задолжителен откуп следното лето за 28 милиони евра.

Од таа причина во Бергамо не ја ни разгледале понудата, ниту одговориле на неа, па Лукман останува член на Аталанта. Сепак, за него има интерес од Фенербахче и Галатасарај, а преодниот рок таму завршува на 12 септември, па може во следните денови да има пресврт околу неговиот трансфер.

- Оглас -

Најнови вести