Баерн Минхен немаше милост, победи со 27:0

Баерн Минхен ги започна подготовките за новата сезона со контролен меч против германскиот нисколигаш Ротах Егерн и стигна до резултат кој не е за верување. Германскиот гигант победи со 27:0!

Избраниците на Томас Тухел не се штедеа против аматерскиот тим, посебно кога во првиот дел играа првотимците.  Серијата погодоци започна со погодокот на Мусиала во третата минута, а веднаш потоа погоди и Гнабри.

До крајот на првото полувреме, Баерн постигна неверојатни 18 голови. Талентираниот тинејџер Матис Тел кој има само 18 години постигна пет голови во првиот дел, исто колку што даде и Џамал Мусиала.

Во второто полувреме во игра кај Баерн влегоа 11 нови играчи, па темпото на игра малку опадна и во вторите 45 минути беа постигнати „само“ девет голови. Во овој период најефикасен беше Марсел Сабицер со пет погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести