Министерството за внатрешни работи и официјално потврди дека навивачите на РК Охрид, популарно наречени „Рибари“, биле нападна на враќање од Струмица по историскиот пласман на нивниот клуб во финалето од Купот на Македонија.
Иако претпоставките беа дека битолските навивачи, „Чкембари“, ги нападнаа своите ракометари по дебаклот кој го доживеаја и елиминацијата од Охрид, сепак од МВР стигна официјална потврда дека нападнатите биле навивачите на противничкиот клуб, а не ракометарите на Еурофарм Пелистер.
„На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница, минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.“ – се вели во билтенот на МВР.

