Баерн Минхен не беше помеѓу најактивните екипи ова лето, па потрошија само 70 милиони евра за Луис Дијас, додека Џонатан Тах пристигна како слободен фудбалер.
Сепак, како што пренесува германски „Билд“, по одржаниот состанок вечерва на „Алијанц арената“, Баерн Минхен ќе тргне по потписот на три големи ѕвезди. Двајца од нив треба да пристигнат од Челзи. Николас Џексон веќе ги договорил личните услови со „баварците“, а Челзи за него бара 46 милиони евра.
Од Челзи треба да пристигне и Кристофер Нкунку, а „сините“ му ги понудиле на Баерн и двајцата за сума од 92.5 милиони евра.
Третиот фудбалер е и најголемо изненадување. Станува збор за бразилскиот интернационалец Антони, на кого не сметаат во Манчестер јунајтед и радо би го продале, а тој во моментов преговара со Бетис, но повик од Баерн Минхен може комплетно да ја смени ситуацијата.