Баерн Минхен прв со понуда до Ајнтрахт за Лука Јовиќ

Двајца се караат, третиот користи. Оваа поговорка може да биде случај и во ситуацијата во која се наоѓаат клубовите кои сакаат да го купат српскиот напаѓач Лука Јовиќ. Барселона испраќа скаути на мечевите на Ајнтрахт, богатиот газда на ПСЖ истотака го има Лука на списокот на потенцијални засилувања, но се чини дека Баерн Минхен би можел да биде идеална дестинација за Јовиќ кој се покажа како експерт за голови на германските терени.

Секогаш кога во Бундеслигата се појавува некој играч од друг клуб кој прикажува добри игри во континуитет, Баерн го купува. Баварците видоа дека Барса не се шегува и сериозно загриза за Јовиќ, ПСЖ сака на каталонците да им ги расипе плановите, па утрово пристигна вест дека Баерн во наредните часови ќе испрати официјална понуда до Ајнтрахт за еден од најбараните голгетери на стариот континент.

Јовиќ дава голови и во Бундеслигата и во Лигата на Европа, им даде гол на Германците на пријателскиот меч со селекцијата  на Србија. Затоа, тој претставува идеален наследник на Роберт Левандовски чие време полека истекува.

Ајнтрахт прво треба да плати 6 милиони за да го откупи Лука од Бенфика, и нема да му биде проблем, бидејќи потоа ќе го продаде десет пати поскапо.

- Оглас -

Најнови вести