Баерн Минхен се врати на победничките патеки во Бундеслигата, откако во претходното коло одигра само 1-1 против Баер Леверкузен.
„Баварците“ попладнево со „покер“ голови го испратија Унион Берлин (4-0) од својот стадион и веќе имаат +12 предност во однос на Борусија Дортмунд, но „милионерите“ имаат и натпревар помалку.
Гнабри постигна два гола за Баерн Минхен, а по еднаш во листата со стрелците се запишаа Кејн и Олисе.

