Баерн Минхен е подготвен во новата сезона да биде уште посилен. Според најавите, баварскиот гигант тргна по потписот на Луис Диаз од Ливерпул. Иако уште нема испратено официјална понуда за колумбискиот репрезентативец, Баерн веќе е фокусиран да го добие потписот на ѕвездата од англискиот првак.
„Можам да ги потврдам информациите кои ги лиферуваше Билд. Баерн стапи во контакт со луѓето кои се грижат за кариерата на Луис Диаз. Уште нема никаква официјална понуда. Се работи само на разговори. Баерн сака да ја согледа целосната ситуација околу овој фудбалер. Не е нереално да има реализација на овој трансфер“, пишува новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери.
Луис Диаз во Ливерпул дојде во 2022 година и тоа за трансфер од 54 милиони евра од Порто. Тој има актуелен договор со Ливерпул до јуни 2027 година. Досега, за англискиот првак има одиграно 148 меча во кои постигнал 41 гол, а има и 23 асистенции.