Баерн Минхен загуби добиен меч, Димитријевиќ со скромен ефект за 16 минути на паркетот

Кошаркарите на Баерн Минхен загубија добиен меч на домашен терен од Анадолу Ефес. „Баварците“ на моменти имаа и +16 и во текот на целиот меч имаа водство, освен на крајот од мечот.

Гостите од Турција имаа само едно водство, она од 80-81, што на крајот беше и конечен резултат на мечот.

Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ, на паркетот мина нешто над 16 минути, а имаше ефект од два поени, три скока и две асистенции.

На седум меча до крајот на регуларниот дел од Евролигата, Баерн Минхен има заостанување од четири победи позади екипите кои се на делба од петтото до десеттото место со ефект од 17 победи и 14 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести