Баерн на германски начин му покажа на Баер кој е кој во Бундеслигата

Баерн Минхен со гол на Роберт Левандовски во последните секунди, го доби дербито на гостувањето кај Баер Леверкузен со 2-1, и сурово ја казни наивноста и грешките во одбраната на амбициозните Аспирини.

Баер поведе со прекрасен гол, веруваа дека ќе покажат дека во моментов се најдобар тим во Бундеслигата, но во финишот на првиот дел (43 минута) Левандовски го искористи киксот на домашните и изедначи на 1-1. Најдобриот фудбалер на светот за 2020 година, во последните секунди, во 93-та минута, искористи уште една грешка на ривалот, даде и гол за победа и прво место за Баерн, кој има по два бода плус во однос на Баер и Лајпциг.

Левандовски сезонава има дури 17 гола на 12 меча.

- Оглас -

Најнови вести