Селекторот на Португалија со јасна порака: „Бернардо Силва е идеално засилување за Барселона“

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинес, изрази уверување дека Бернардо Силва би бил идеално засилување за Барселона.

По победата на Португалија со 2:1 над Чиле во пријателски натпревар во саботата, шпанскиот стратег беше запрашан за можниот трансфер на искусниот играч и неговото вклопување во тимот предводен од Ханси Флик.

Во својот одговор, Мартинес не штедеше пофалби за 31-годишниот играч од средниот ред.

„Мислам дека Бернардо Силва е толку извонреден фудбалер, што би се вклопил во секоја соблекувална во светскиот фудбал. Не мислам дека играч како него се појавува секој ден, но тој е фудбалер кој може да се адаптира на секој систем и стил на игра, а притоа да го подобри и она што го има околу себе“, изјави Мартинес.

Селекторот на Португалија смета дека тактичката флексибилност и фудбалската интелигенција на Силва го издвојуваат од останатите креативни играчи на трансфер-пазарот, нагласувајќи дека може да ја контролира играта од повеќе позиции на теренот.

„Не станува збор за позицијата, туку за неговата фудбалска интелигенција, а потоа и за техничкото ниво кое му овозможува да доминира во секоја ситуација во која учествува. Немам никакво сомневање дека би се вклопил во Барселона“, додаде Роберто Мартинес за поранешниот фудбалер на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести