Баерн не го дава второто место, го растури Унион во Берлин, а Милер испиша историја

Баерн Минхен со убедливи 5-1 против Унион во Берлин, го прослави пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, и се задржа на втора позиција во Бундеслигата.

Црвените од Берлин се борат за опстанок, а денеска беа немоќни против расположените Баварци. Два гола даде Томас Милер, кој првпат во кариерата погоди во меч од 30-то коло, и сега може да се пофали дека во кариерата погодувал во секоја од 34-те рунди во Бундеслигата. Од активните играчи, такво нешто во Бундеслигата направиле само уште Марко Ројс и Кевин Воланд.

Во листата на стрелци се запиша и Хари Кејн за кого тоа беше 40-ти погодок во сите натпреварувања сезонава.

Баерн сите пет гола ги даде до 66-та минута, а потоа го спушти темпото, на крај прими и гол кој не му значи многу на Унион кој го чекаат тешки последни четири кола во битката за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести