Баерн победи со 10-0, а можеше да биде и двојно поубедливо

Победата на Баерн Минхен против Окленд сити од 10-0, фрла темна дамка врз новото Светско клупско првенство на ФИФА на кое се инсистираше да играат најдобрите екипи од сите континенти, но евидентно е дека Океанија со аматерски тимови е предалеку зад Европа.

Џамал Мусијала постигна три гола и тоа почна како резерва, влезе во 61-ва минута на местото на Хари Кејн. По два гола дадоа Милер, Коман и Олисе, а еднаш погоди Бои.

Баерн упати над 30 шута кон голот на противникот, 17 беа во рамки на голот, па Окленд може да претрпи и поголема катастрофа. Баерн уште од далечната 1983 година немаше дадено 10 гола на официјален меѓународен меч.

На трибините во Синсинати имаше 15.000 гледачи, а стадионот има 26.000 седишта.

Ова е голот на Милер со кој заврши голеадата на Баварците:

- Оглас -

Најнови вести