Баерн Минхен подготвува уште една трансферна бомба и тргнува по ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијас.
Германскиот шампион активно бара крилен напаѓач и според најновите информации, 28-годишниот Колумбиец е прва цел на Баварците. Иако сè уште нема официјална понуда, Баерн веќе воспоставил контакт со луѓето што ја менаџираат кариерата на Дијас, а преговорите би можеле да започнат многу брзо.
„Можам да ја потврдам информацијата што ја објави „Билд“. Баерн воспостави контакт со претставниците на Луис Дијас. Засега нема официјална понуда, туку само разговори. Баерн сака да ја испита целата ситуација околу играчот. Ќе видиме што ќе се случи, но трансферот не е невозможен“, истакна познатиот новинар за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.
Покрај Луис Дијас, Баерн се поврзува и со Габриел Мартинели од Арсенал и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, но засега нема конкретни понуди за ниту еден од нив.