Баерн се мачеше 70 минути, а потоа се случи баварска машинерија во Лисабон

Баерн Минхен и Челзи победија убедливо со по 4:0 во дуелите против Спортинг и Малме, а расположени за голови беа и играчите на Вилјареал, кои со 4:1 се радуваа на гости кај Јанг бојс.

Баварскиот гигант до 70-тата минута не можеше да го сруши отпорот на Спортинг во Лисабон. Токму во моментите кога домаќините можеби се понадеваа дека ќе останат непоразени, се случи баварската машинерија да проработи на најјако. Сане погоди за 1:0 во 70-тата минута, а до крајот на средбата гостите се радуваа уште трипати. Евертон си даде автогол во 80-тата минута, потоа погоди Левандовски за 3:0, а Сане со својот втор погодок погоди за 4:0 во 85-тата минута.

За разлика од Баерн, Челзи уште во раната фаза, односно само по 20-тина минути имаше предност од 2:0 против Малме. Жоржињо со два гола од пенал беше прв играч на мечот, а по еднаш прецизни беа и Кај Хаверц и Кристенсен.

И Вилјареал, како и Челзи, даде по два гола во двете полувремиња. Жолтата подморница со головите на Пино и Морено водеа со 2:0 веќе во 16-тата минута. Елија намали на 1:2 во 77-мата минута, но во последните минути од средбата Морено погоди по вторпат, а Чуквуезе со погодок во судиското надополнување погоди за 4:1.

Јувентус со 1:0 славеше на гости кај Зенит благодарение на голот на Дејан Кулушевски во 86-тата минута, додека погодоци немаше на мечот Лил – Севилја.

- Оглас -

Најнови вести