16.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Баерн сериозно размислува да го врати Манџукиќ

Баерн Минхен сериозно размислува да го врати Марио Манџукиќ во своите редови пет години подоцна откако Хрватот ја напушти Баварија. Тренерот Нико Ковач смета дека со ангажманот на искусниот голгетер на Јувентус ќе има повеќе напаѓачки опции, а воедно Роберт Левандовски ќе добие конкуренција.

Поранешниот репрезентативец на Коцкестите летово можеше да се пресели во Премиер лигата, поточно во редовите на Манчестер јунајтед, но ја одби таа прилика. Јувентус и натаму бара начини да се ослободи од неговата плата, а доколку замине од Торино, Манџукиќ преферира да се врати на добро познатото место.

Хрватот во двегодишниот период како член на Баварците ја освои тројната круна – Бундеслигата, германскиот куп и Лигата на шампионите во 2013 година, а една година подоцна за 22 милиони евра потпиша за Атлетико Мадрид, од каде што замина за Италија.

Инаку, Баерн веќе доведе еден хрватски фудбалер од Серија А. Тоа е Иван Перишиќ од Интер, кој сезонава ќе игра како позајмен на „Алијанц арена“, а дури во јули 2020 година ќе го оствари перманентниот трансфер во Баерн.

- Оглас -

Најнови вести