Баерн сигурен на „Мерцедес“ арената , Јарците ги раситнија Милионерите (видео)

Баерн Минхен со мала задршка се врати во победнички ритам во Бундеслигата по триумфот од 3-1 на гостувањето кај Штутгарт.

Домаќините поведоа по 20 минути игра преку Кулибали по што се најави дека може да има изненадување на „Мерцедес Бенз арената“. Сепак, водството на Штутгарт траеше до 38-та минута, кога Коман погоди за 1-1, а пред паузата Левандовски со „бомба“ од дваесетина метри оствари целосен пресврт.

За да нема дилеми, Коста го постави конечниот резултат во 88-та минута, па сега Баварците се зацврстија на врвот на табелата со 22 бода по девет кола.

Голем шок беше победата на Келн на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Јарците славеа со 2-1 на „Сигнал идуна парк“ и им го нанесоа третиот овозесонски пораз на Милионерите по девет средби во германскиот шампионат.

Поразот на Дортмунд, значеше дека Лајпциг со конечните 2-1 против Арминија Билефелд ќе избие на втората позиција на табелата.

Останати резултати 9-то коло во Бундеслигата:

Аугзбург 1-1 Фрајбург

Унион Берлин 3-3 Ајнтрахт Франкфурт

- Оглас -

Најнови вести