Баерн со постигнување кое низ историјата на Бундеслигата било само два пати

Баерн Минхен и во последното коло од Бундеслигата покажува дека нема милост кон ривалите и во првото полувреме против Аугсбург има водство од 4:0. На Баерн му беше потребен само еден гол за да постави еден редок рекорд, а тоа му успеал по само девет минути кога прв пат се тресеше мрежата на Аугсбург денеска.

Најдобриот германски тим успеа да стане само третиот тим во историјата на Бундеслигата што успеал во сите 34 меча од првенството да даде барем по еден гол. Претходно тоа му успеало само на Келн од сезоната 1963/64 кога се играле 30 натпревари во една сезона, како и на генерацијата на Баерн од 2012/13 кога баварците прв пат успеаа да постигнат погодок на сите натпревари.

- Оглас -

Најнови вести