Баварскиот гигант Баерн Минхен сѐ уште е во шок од одлуката на германскиот репрезентативец Флоријан Вирц да го избере Ливерпул за следен клуб, иако токму Баерн важеше за фаворит за неговиот потпис. Сепак, Вирц, како што откриваат германските медиуми, доцна синоќа го известил раководството на Баерн Минхен дека има други планови и дека нема да се пресели на „Алијанц арена“ во летниот преоден рок.
Баерн нема премногу да чека и веднаш ќе се насочи кон друга цел. Според англиските медиуми, тоа е Каору Митома, офанзивецот на Брајтон. Тој би можел да се прилагоди на крилните позиции, но исто така и во средниот ред, па делува како добра опција за тренерот Венсан Компани.
Евентуалниот трансфер на Митома во Баерн Минхен би чинел околу 35 милиони фунти.