Фудбалерите на Борусија Менхегладбах го приредија најголемото изненадување во 21-то коло во Бундеслигата со победата над шампионот Баерн Минхен со 3:2.
Баварците кои во вторникот успеаја да го совладаат ПСЖ на гости во осминафиналето во Лигата на шампионите, денеска загубија од Борусија и од утре може да не бидат лидери на табелата.
Баерн засега е прв со 43 бода, но Унион Берлин кој има бод помалку, утре пред своите гледачи игра против последнопласираниот Шалке.
Борусија Менхенгладбах уште еднаш покажа дека е незгоден ривал за Баерн, посебно кога игра на домашен терен каде не знае за пораз веќе четири години. Последната победа на „Борусија парк“, баварците ја издвојуваа во 2019 година, а оттогаш загубија на три меча и еден одиграа нерешено.
Последната пресметка во Менхенгладбах, која беше во рамки на Купот на Германија, заврши со убедлив триумф на Борусија со 5:0.
Баерн уште во осмата минута остана со играч помалку по исклучувањето на Дајо Упамекано, а тоа го искористи домашниот тим пет минути подоцна да поведе преку Штиндл. До крајот на првиот дел, Чупо-Мотинг успеа да израмни.
Борусија во вториот дел ја искористи предноста од играч повеќе и постигна два гола, преку Хофман и Турам за триумф од 3:1. Баерн во последните моменти од средбата, успеа да го ублажи поразот со голот на Тел.
Убедлив триумф на домашен терен оствари и Штутгарт и тоа со 3:0 над Келн. Головите за домашниот тим ги дадоа Диас, Соса и Кулибали.
Лајпциг како гостин со 3:0 го победи Волфсбург, а Фрајбург со 0:2 славешена гостувањето кај Бохум.